Трактор John Deere 3045B без кабина
JOHN DEERE International GmbH
Без разлика дали сте сточар, фармер, полјоделец, одгледувач на лозје или овошки, тракторите од серијата 3B максимално ќе ви помогнат во извршувањето на секојдневните активноси во вашето агро-стопанство. Ќе ве изненадат со нивото на опрема како серво управувач, целосно запечатена предна оска, предни и задни тегови и најважно од се, заштитен рол-бар со стреа со можност за летна кабина/стреа или целосно затворена кабина со греење, која ја прави попријатна работата на директно сонце или во зимски услови.
 
Располагаат со тивки и економични четири цилиндрични мотори, погон на сите тркала, а нивни главни адути се големата моќност, малата ширина и меѓуоскино растојание и малиот радиус на вртење.
Опрема:
Хидрауличен управувач
Двојно квачило
Заштитен рол бар
2 x SCV (хидраулични излези)
Тандем хидраулична пумпа (6+20,6 l/min)
Цена сo ДДВ
643570.0000 ден
Трактор John Deere 3050B со кабина
JOHN DEERE International GmbH

Tрактор, припадник на 3В Серијата, конструиран за секакви задачи. Има компактни димензии и  голема моќ на излезното кардански вратило, еден или два двосмерни хидраулични излези со проток од 20,6 л/мин и економичен четирицилиндричен мотор кој гарантира ефикасност. Овој трактор има широк опсег на извршување на оперативни задачи.Неговата мала тежина од само 2000 кг. и малото меѓуоскино растојание од 1960 мм го прави овој трактор лесен за управување и манупилација и идеален и за работи на полето и за работи на фарми и за работи во лозаро-овоштарски насади, но одличен е и како комунален или комерцијален трактор. Опремен со кабина за оператор со вентилација, парно и припрема за аудио систем.

Цена сo ДДВ
797756.0000 ден